Политика за членство на ИМКА Битола
Со пополнувањето на оваа пристапница доброволно пристапувам во ИМКА Битола. Со тоа ги прифаќам статутот, целите, задачите и обврските и одговорностите кои следуваат од тоа. Активно ќе се залагам за остварување на мисијата, целите и задачите на ИМКА Битола. Исто така го задржувам правото да ја напуштам ИМКА Битола од било кои причини.